Кошаркарите на Словенија ја освоија европската титулата

Словенечките кошаркари ја освоија титулата европски шампиони откако во неделата вечерта во Истанбул во финалето на континенталното првенство ја совладаа Србија со 93:85 (20:22, 36:-25, 15:20, 22:18), што е воедно и првиот и досега единствен медал за Словенија на европските првенства.

По тесната предност на српските кошаркари во првата четвртина, Словенците до почувствителна предност дојдоа во втората делница кога направија предност од 11 поени (41:30). Ваквата комотна предност ја одржуваа до средината на третата четвртина, кога се повреди Лука Дончич, кој покрај Горан Драгич беше најдобриот играч на Словенија на шампионатот.

Потоа, откако заморот влијаеше и врз концентрацијата на Драгич, Србија во последната четвртина влезе со заостанување од четири поени (67:71), а на 4,50 минути до крајот на средбата и првпат по подолго време мина во водство (78:77).

Во финишот од натпреварот откако поради болки на клупата остана словенечката ѕвезда Драгич, блесна Клемен Препелич кој слободно може да се каже ѝ го осигури златото на Словенија.

Кај Словенија Препелич постигна 21 кош, со 4 скокови и 3 асистенции, додека Горан Драгич додаде 35 поени, а Ентони Рендолф 11 кошеви. Кај на ова првенство многу ослабената Србија, пак, Богдан Богдановиќ беше лидер со 22 кошеви, а Милна Мачван постигна 18.

Претходно досегашните европски шампиони Шпанците во борбата за бронзата ја совладаа Русија со 93:85, благодарејќи на недостижната предност од 17 поени направена во првото полувреме.