Кошаркарите со победата над БиХ го завршија турнирот во Скопје

ФОТО: sportmedia.mk

Kошаркарската репрезентација на Македонија го заврши во саботата вечерта турнирот „Трофеј Македонија“ без пораз откако славеше и во третиот меч, овојпат против селекцијата на Босна и Херцеговина со 71:67.

Имајќи предвид дека станува збор за трет натпревар во три дена, како и дека босанската селекција настапуваше ослабена, селекторот Јорданчо Давитков се реши да го започне мечот со измената прва петрока. Сепак, македонските кошаркари за разлика од претходните два меча, влегова во мечот со поголема концентрација, особено во одбраната, која се покажа на овој турнир како дел од играта во кој ќе бидат потребни поголеми корекции.

Босанските играчи под водството на новиот селектор Душко Вујошевиќ, пак, започнаа со својата позната тактика и пресинг по целиот терен, но и избраниците на Давитков беа солидни во дефанзивата па ниедна од репрезентаците не можеа да остварат позначителна предност. Сепак, на крајот од првата четвртина БиХ замина со предност од еден поен. (19:18).

Веќе на почетокот од втората четвртина Македонија презеде контрола на играта, откако гостите промашија две слободни фрлања во првиот напад, а преку Стојановски македонскиот тим стаса до предност која ја чуваше до полувремето. Кон средината од втората четвртина, Македонија ја имаше и додотогаш највисоката предност од осум поени. Сите обиди на БиХ да се вратат резултатски во игра останаа без резултат, па на полувреме се замина со предност од 40:35 за Македонија

Според реализација третата четвртина беше најслаба. Македонската селекција постигна само 15 кошеви, но прими и уште помалку – 11. Босанците во еден момент се вратија на само поен разлика, но благодарение на тројките од Јаневски, Костовски и Тасовски, на крајот од третата делница Македонија имаше четири поедни предност (55:51).

Македонските играчи останаа концетрирани и во четвртата рутински ја сочуваа предноста до конечните 71:67.

Најефикасни за македонскиот национален тим беа Тасовски со 12 поени, односно Костовски со 10. Ѓуровски имаше перфектен учинок (4/4) од линијата за три поени, забележа 12 поени. За гостите, Лончар заврши со 15 поени, а втор кошаркар кај Босанците со двоцифрен учинок беше Атиќ со 13 поени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.