Кошаркарски судија почина пред натпревар во европската лига

Голема трагедија се случи пред натпреварот меѓу Мурсија и Монако во рамките на Лигата на шампионите во четвртокот, пренесуваат во петокот италијанските медиуми.

Италијанскиот итнернационален кошаркарски судија Џанлука Матиоли почина како последица на здравствени проблеми. Тој се пожалил дека не му е добро на неколку минути пред натпреварот, итно бил префрлен в болница, но докторите не успеале да го спасат откако констатирале дека се работи за инфекција.

Според италијанските медиуми тој претходните два дена се борел со мисториозен вирус.

Матиоли идната недела требаше да наполни 50 години, а во кариерата судел на повеќе од 600 натпревари, последниот меѓу Реџо Емилија и Пистоја минатата недела. Судејќи во италијанската Серија А, како и на големите европски натпреварувања, вклучително и Евролигата компреса, годинава се приближуваше до бројката од 700 судени натпревари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.