Косата не побелува од старост, туку само од една причина

Ако забележувате дека вашата коса почнала да белее, единствено што треба да направите е да се опуштите!

Имено научниците откриле дека не е во прашање стареењето, туку премногу стрес.

Истражувачите откриле дека ќелиите задолжени за производство на пигмент што и дава боја на нашата коса исчезнуваат кога телото станува премногу изложено на дејството на кортизолот, хормонот за стрес.

За жал за сите оние што ја загубиле бојата на косата и оседеле, ќелиите што го создаваат пигментот неможат да се регенерираат, така што косата останува бела, но оние што сеуште ја имаат природната боја, знаат што треба да прават.

Тестовите што научниците ги спровеле на глувци покажуваат дека бојата „пресушува“ во оној миг кога животните се изложени на стрес.

Поголемиот број луѓе првите седи влакна ги забележуваат околу 25-тата година од животот, а за тој процес како главни виновници напоменуваат поголем број фактори – од гените до конзумирањето алкохол и цигари. Постојат и голем број случаи кога луѓето преку ноќ побелеле поради шок или жалост.