Магазин

Кошаркари застанаа во одбрана на мажоретка со Даунов синдром

Кошаркари застанаа во одбрана на мажоретка со Даунов синдром

Дезире Ендрјус е една од навивачките на кошаркарската екипа од средното училиште „Линколн“ во американската сојузна држава Висконсин.

Она што ја ризликува оваа осмоодделенка од останатите мажоретки во навивачката група на „Линколн“, е тоа што таа боледува од Даунов синдор.

Поради оваа нејзина болест, неодмна таа била изложена на навреди и потсмев од група навивачи. На ова реагирале кошаркарите на „Линколн“, кои оцениле дека не може само да гледаат и дека мораат да преземат нешто.

du1

– Деца од публиката ја навредуваа Ди и ние решивме дека мора да сториме нешто, изјави играчот Чејс Васкез за ТМЈ 4.

Кошаркарите побарале тајмаут, отишле до навивачите кои ја навредувале Дезире и им рекле да престанат. – Еден од кошаркарите им рече да престанат, а потоа сите момчиња дојдоа и го поддржаа, раскажа кошаркарскиот тренер Брандон Морис за „Кеноша Њуз“.

– Не е пристојно другите луѓе да се третираат на неубав начин, затоа што сите сме еднакви. Бог не направил сите еднакви, истакна играчот Скот Териен.

dau2

По натпреварот кошаркарите решија салата во која тренираат да ја наречат „Куќа Ди“ во чест на Дезире, а следниот натпревар го одиграле во нејзина чест, извикувајќи: „Која куќа? Куќа Ди“.