Спорт

Кошаркарите денеска ги почнуваат подготовките за ЕП 2015 година

Кошаркарите денеска ги почнуваат подготовките за ЕП 2015 година

Македонската Кошаркарска Федерација го обелодени поширокиот список на кошаркари за квалификациите за Евробаскет 2015, во кои „црвено-жолтите“ за противници ќе ги имаат Данска, Белгија и Белорусија. На списокот на селекторот Александар Џикиќ се најдоа и Антиќ,Самарџискии Чековски,кои претходно го откажаа својот настап во репрезентацијата. На списокот се најдоа и натурализираните Македонци, Лестер Бо Мекејлеб, Дариус Вашингтон и Ричард Хендрикс, од кои Џикиќ ќе може да избира по еден за секој натпревар од квалификациите.

Џикиќ денескаво СЦ „Борис Трајковски“ ќе го одржи првиот тренинг со репрезентативците за отворање на подготовките за Квалификациите за Евробаскетот 2015. Подготовките ќе се одвиваат во Скопје и Охрид пред стартот на квалификациите на 10 август.

Репрезентацијата ќе тренира секој ден по двапати, во претпладневниот термин од 10:00 до 12:00 часот и во вечерниот термин од 19:00 до 21:00 часот во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“. Ќе се тренира во Скопје во првите 10 дена од подготовките, по што ќе продолжат во Охрид, каде ќе го одиграат и првиот од двата подготвителни турнири. На турнирот кој ќе се игра од 16 до 18 јули, покрајМакедонија, ќе учествуваат и Романија, Грузија и Австрија.

Враќање за Скопје за продолжение на тренинзите во СЦ „Борис Трајковски“ е предвидено за 19 јули, а нашата најголема арена ќе биде домаќин на вториот турнир, во кој ќе гостуваат Полска, Италија и Црна Гора во периодот од 25 до 27 јули. Подготовките ќе се одвиваатво Скопје до 10 август, кога ја пречекуваме Белгија за почеток на квалификацискиот циклус.

Список на кошаракри за квалификациите за ЕП 2015 година:

Перо Антиќ, Владо Илиевски, Ѓорѓи Чековски, Предраг Самарџиски, Лестер Бо Мекејлеб, Ричард Хендрикс, Дариус Вашингтон, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Александар Костоски, Кирил Николовски, Дарко Соколов, Андреј Магдевски, Марјан Јанески, Оливер Двојаковски, Марко Симоновски, Бојан Трајковски, Владимир Брчков, Стојан Ѓуроски, Бојан Крстевски, Ивица Димчевски, Љубомир Младеновски, Михајло Арсоски и Андреј Маслинко.