Кошаркарите на Сан Антонио покажаа колку ги “боли” (за) елиминацијата од плеј-офот

Сан Антонио доживеа елиминација во седмиот меч од четвртфиналната рунда од НБА плеј-офот, откако беа поразени од ЛА Клиперс.

Сепак, крајот на сезоната не значеше и крај на забавата, па само неколку часа по четвртиот пораз од ЛА Клиперс тие заминаа во ноќен клуб, каде очигледно претерале со алкохол.

Иако првите ѕвезди на тимот, Тони Паркер и Тим Данкан беа во делумно “нормална” состојба, останатите кошаркари на сега веќе поранешниот НБА шампион се “тетеравеа” при излегувањето од клубот. Австралиските играчи Пати Милс и Ерон Бејнс буквално едвај чекореа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.