Кошаркарите се договорија со МКФ

По долготрајни разговори помеѓу претставниците на Здружението на кошаркарски играчи (ЗКИ) и раководството на Македонската кошаркарска федерација, репрезентативците решија да го стават интересот на националната селекција пред личниот интерес и да ги започнат подготовките за кавлификациите за ЕП 2015 година.

Исто така, договорени се конкретни заклучоци за превземање на итни активности со цел побрза разрешница на актуелните проблеми со заштита на домашните играчи.

1. На барање на ЗКИ, се воведува привремен мораториум на регистрирање и лиценцирање на странски играчи, се додека не се дојде до взаемно прифатливо решение на проблемот со заштитата на домашните играчи, при што ќе се потпише трипартитен протокол од страна на ЗКИ, Здружението на Прволигаши и МКФ;

2. МКФ да организира состанок на претставниците на ЗКИ со претставниците на Здружението на Клубови од Прва Лига Мажи, на кое ќе договара решавање на проблемот со правилото за настап на 6 странски играчи и ќе се разгледуваат останатите барања на ЗКИ;

3. Со посредство на МКФ, претставниците на ЗКИ да остварат средби со повисоките надлежни државни институции (Претседател на Влада на Република Македонија и Директор на Агенција за млади и спорт на Република Македонија) од кои ќе се побара помош и асистенција за решавање на проблемот.