Кошаркарите вечерва на мегдан со Данска

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва од 19 часот и 30 минути во Хорсенс против домашната селекција на Данска ќе го одигра вториот дуел од квалификациите за Европското првенство 2015.

За разлика од првата средба против Белгија, на овој меч Македонија влегува како фаворит, но селекторот Александар Џикиќ ги предупреди своите избраници во никој случај да не го потценат противникот.

На вториот натпревар од групата Д во втората рунда играат Белгија и Белорусија.

Двојки за натпреварите од 2.коло во другите групи:

А група: Велика Британија – Босна и Херцеговина. Исланд слободен.

Б група: Црна Гора – Бугарија и Холандија – Израел.

Ц група: Луксембург – Полска и Германија – Австрија.

Е група: Чешка – Португалија и Унгарија – Грузија.

Ф група: Летонија – Словачка и Романија – Шведска.

Г група: Русија – Италија. Швајцарија слободна.

МИА