Кошаркарот Котуровиќ осуден на 3 месеци затвор

Дејан Котуровиќ денеска во гевгелискиот суд е осуден на три месечна затворска казна за фалсификување исправа Тој беше обвинет дека влегол во Македонија со автомобил кој бил пријавен за украден во Бугарија и на кој биле сменети сериските броеви на моторот и шасијата и внесени во фалсификувани документи, кои тој им ги приложил на полициските службеници на граничниот премин Богородица. Во своја одбрана Котуровиќ изјави дека тој не знаел дека станува збор за украдено возило и дека е всушност жртва во овој случај, пишува весникот Вечер.

Судскиот совет во гевгелискиот Основен суд го прогласи за виновен поранешниот српски кошаркар Дејан Котуровиќ и го осуди на три месечна затворска казна за фалсификување исправа. Котуровиќ и неговите адвокати беа крајно незадоволни од пресудата и најавија жалба.

Тој беше обвинет дека влегол во Македонија со автомобил кој бил пријавен за украден во Бугарија и на кој биле сменети сериските броеви на моторот и шасијата и внесени во фалсификувани документи, кои тој им ги приложил на полициските службеници на граничниот премин Богородица.

Во своја одбрана Котуровиќ изјави дека тој не знаел дека станува збор за украдено возило и дека е всушност жртва во овој случај. Котуровиќ рече дека автомобилот го купил од продавач на половни возила во Белград на кого му платил 13.000 евра за џипот “хонда# и од кого ги добил фалсификуваните документи. Тој наведе дека со возилото патувал во повеќе земји во Европа и е доказ дека не знаел и дека не е виновен.

Дејан Котуровиќ е поранешен репрезентативец на Србија, а во својата богата кариера има настапувано за повеќе тимови како Партизан, Виртус Болоња, Таукерамика и НБА тимовите Бостон Селтикс, Феникс Санкс. Тој е носител на светско олимписко и европско злато.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.