Кошарката е колективен спорт

Стратегот на МЗТ Скопје, Боби Митев секако не беше задоволен од поразот на својот тим на гостувањето против Олимпија Унион во Љубљана.

Според Митев пресудна за поразот била игра во вториот дел, пред се поради желбата за индивидуална игра на поединци.

„Кошарката е колективен спорт, и не може да победите ако ве води желбата за себепромоција. Во второто полувреме повторно бевме себични, а некои играчи како да почнаа да се натпреваруваат кој повеќе ќе шутне. Сето тоа не донесе до поразот, иако во првото полувреме игравме навистина според договорот“ – вели Митев и дополнува:

„Продолжуваме понатаму. Ни преостанува да работиме на грешките и истите да бидат корегирани до следниот дуел“.

Од друга страна, Алеш Пипан секако беше задоволен од триумфот на Олимпија нагласувајќи дека и покрај проблемите успеале да извојуваат значајна победа пред се благодарение на агресивната игра во одбрана.