Балкан

Космајац платил 200.000 евра за да излезе на слобода

Космајац платил 200.000 евра за да излезе на слобода

Српскиот Ал Капоне, Драгослав Космајац (61), кој беше уапсен на 9-ти ноември минатата годна, вчера уплатил кауција во висина од 200.000 евра за во продолжение на постапката да се брани од слобода, пишува српски Курир, а пренесува НетПрес.

Го чекал синот

Космајац, вчера пред влезот во Централниот затвор го чекал синот Лазар, но тој не помина преку капијата на затворот и веројатно е дека тоа ќе се случи денеска. Инаку, човекот кого српскиот премиер Александар Вучиќ го нарече како најголемиот нарко-бос кој се наоѓа во притвор веќе три месеци.

„Прифатено е барањето на одбраната и дозволено е Драгослав Космајац во продолжение на постапката да се брани од слобода. Тој вети дека секој ден ќе се јавува во судот и нема да избега. Доколку не ја испочитува оваа наредба, ќе остане без кауцијата и ќе ризикува повторно да му биде одреден притвор“, вели извор за Курир од Врховниот суд.

На српскиот Ал Капоне пред два му го продолжи притворот за уште 30 дена. Меѓутоа оваа одлука вчера е промената и одреден е износ за кауција. Според неофицијални информации, тој под хипотека ја ставил недвижнината за да може кауцијата да ја плати во кеш.

Се брани со молчење

Драгослав Космајац, Вишото тужителство го обвинува за поттикнување на злоупотреба на службената должност, додека пак, Основното обвинителство го сомничи за затајување на данок, противправно преземање на земјиште, измама и фалсификување на исправи.

„Во тек е сослушување на сведоци. Во меѓувреме, започната е и финансиска истрага и привремено му се одземени недвижностите во вредност од околу 1,7 милијарди динари“, вели изворот.

Космајац по апсењето поради штрајкот на адвокатите се бранел со молчење.