Македонија,Економија

„Космик дивилоупмент“ отвора нови 50 работни места во Битола

„Космик дивилоупмент“ отвора нови 50 работни места во Битола

Канадската компанија „Космик дивилоупмент“ ќе ги прошири своите бизнис проекти во Македонија со отворање втора канцеларија и 50 нови работни места.

Новата канцеларија ќе биде лоцирана во Битола. Согласно долгорочната стратегија, целта е да се привлечат најдобрите студенти од битолскиот регион, вклучувајќи ги Прилеп и Ресен.

„Космик дивилоупмент“ е меѓународна ИТ консалтинг и бизнис процес аутсорсинг компанија со седиште во Скопје. Се фокусира на ИТ консалтинг, развој на софтвери и аутсорсинг услуги. Веќе е глобално развиена со канцеларии во Торонто, Канада, и Белград, Србија. Вклучува околу 80 вработени и брзо се развива. Обезбедува високо ниво на стручност и трансфер на знаење. Затоа, како што наведува, ќе бидат вработени најдобрите студенти на кои ќе им се обезбедат атрактивни плати со многу уникатни бенефиции.

Клиенти на „Космик дивилоупмент“ се светски познати компании како Мајкрософт, Јаху и Универзал студиос.

Со „Космик дивилоупмент“ во Македонија соработуваат министерот за странски инвестиции Џери Наумоф и министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.