„Космос“ не бил единствената дивоградба на Цановски

Објектот „Космос“ не бил единствената дивоградба на Цановски. Според податоците до кои дојде телевизија НОВА, фирмата на Фиат Цаноски во 2011-та година поднела барање за легализирање на 1.151 метри квадратни доградба на објектот ФОН.

За легализирање на доградбата на ФОН постапката е се уште во тек, велат од општина Гази Баба.

1divogradba 1kosmos

Според писмениот допис од општината фирмата на Цановски во моментов нема имотен лист со целокупната изградена површина на објектот, јавува ТВ Нова.

nova-tv-

Цановски вели дека неговата фирма не поседува дивоградби и дека нема поднесено барање за легализација на други нелегални објекти.

Не, немам поднесено барање. Можеби имам таму кај што имам на физичко лице објекти, ама тоа се мали објекти од 200-300 квадрати коишто сум ги купил од други фирми, така да тоа е многу мала ситница, вели Цановски за ТВ Нова.

Фиат Цановски повторно стана актуелен деновиве откако неформално излегоа информации дека Катица Јанева врз основа на прислушуваните разговори на Заев ќе процесуирала и предмет поврзан со уривањето на дивоизградениот Космос. Општина Гази Баба и надлежните објаснија дека станувало збор за чист случај со документирани отстапувања. Нивниот став беше доколку Јанева работи согласно законот би требало да поднесе пријава токму против инвеститорот Фиат Цановски, јавува ТВ Нова.

Космос согласно законот за градење започна да се гради со одобрение за градба, но за жал во текот на градбата инспекторката кога отиде на лице место констатира дека објектот се гради спротивно на одобрениот проект, спротивно на архитектонско-урбанистичкиот проект и спротивно на деталниот урбанистички план, односно дека е дивоградба. Затоа и понатаму се пристапи кон соодветно постапување согласно законот на отстранување на објектот, посочи Тони Трајковски, градоначалник на општина Гази Баба.

toni-gazi-baba

Со кажувањето дека многу малку имало отстапување дека објектот се рушел политички не е точно, туку сите правни аспекти во случајот Космос е согласно Законот за градење и  сите судски инстанци во Република Македонија имаат потврдено дека објектот е рушен согласно сите позитивни законски прописи, истакна Миле Јанакиески, поранешен министер за транспорт и врски.

Како што се вели во прилогот на ТВ Нова, објектот на универзитетот ФОН во Скопје е пуштен во употреба во 2003та година, но според информациите од општина Гази Баба, сопствениците се уште немаат целосна документација.