Косовец фатен со 134 килограм марихуана во Италија

Педесет и петгодишен Косовец е уапсен во Бари откако во неговиот автомобил биле откриени 134 килограми марихуана.

Косовецот заедно со сопругата и двете малолетни деца, на четири и дванаесетгодишна возраст, допатувал од Албанија каде се верува дека и ја натоварил дрогата.

Веднаш по излезот од траектот, полицијата приметила дека од неговиот автомоил тече готиво. При контролата таа ја открила дрогата пакувана во 251 пакетче и скриена под автомобилот.

Во меѓувреме полицијата од северниот албански град Скадар, на граничниот премин Муриќан, на албанско-црногорсклата граница уапсила српски државјани кој се обидел при излез од Албанија да прошверцува 13 килограми марихуана.

Според полицијата дрогата била откриена при редовна конгтрола во автомобил марка „Алфа“ модел 159 со српски регистарски ознаки, сопственост на Александар М.(36).