Косовец премина од ислам во христијанство на 90 години

Деведесетгодишниот Шабан Битиќи од селото Лапушник кај косовска Дреница, преостаниот дел од животот ќе го мине како Зеф Битиќи.

Тој, како што објавија косовските медиуми, три дена пред Божиќ, од исламска преминал во католичка вероисповест и додаваат дека случајот на Шабан не е единствен.

Голем број семејства кои доцна ја примиле исламската религија, нивните поколенија добро се сеќаваат на христијанското потекло на нивните предци. Тоа, условило дел од жителите да и се вратат на религијата на која припаѓале нивните предци, христијанската.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.