Косовец приведен поради фалсификувaн број на шасија

Косовски државјанин е приведен на граничниот премин Јажинце поради фалсификувана патна исправа.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека пред три дена е приведен 64-годишниот С.Н. кој се обидел да влезе во Македонија со фалсификувана патна исправа.

Според информациите од полицијата С.Н. се обидел да ја премине македонско-косовската граница на  преминот  Јажинце со  неговиот автомобил „мерцедес“.

По преземени мерки е утврдено дека бројот на шасијата е фалсификуван.