Македонија,Крими хроника

Косовец се обидел со туѓ пасош да ја напушти Македонија

Косовец се обидел со туѓ пасош да ја напушти Македонија

Косовецот Ф.И.(23) од Р.Косово вчера  08,20 часот на ГП„Табановце“, на излез од Република Македонија на пасошка контрола приложил туѓа македонска патна исправа.

Како што соопшти МВР, по извршената контрола било констатирано дека се послужил со туѓа исправа, а истиот евидира дека влез во РМ остварил со неговата косовска патна исправа преку ГП„Долно Блаце“.

Ф.И. е лишен од слобода и против истиот е поднесена соодветна пријава . Изречена му е прекршочна санкција и мерка „протерување“ во траење од две години.