Косовецот кој сечеше глави убиен во Сирија?!

Косовскиот Албанец Лавдрим Мухаџери, кој се приклучи на џихадистите на Исламската држава е убиен, објавила курдска телевизија, на која било прикажано и неговото тело.

Мухаџери (24) од Качаник, кој замина на џихад во Сирија и таму вршеше брутални злочини, на крајот на јули објави фотографии како држи едно сириско момче во подготовка со нож да му ја отсече главата, а потоа откинатата глава ја држи во рацете и позира пред камерите.

2

Мухаџери на 2-ри август во интервју за весникот „Дита“ од Тирана изјави дека не сторил ништо повеќе од тоа пто во текот на војната го правеле припадниците на ОВК.

Најпознатиот косовски припадник на озлогласената екстремистичка организација Исламска држава, во фокусот на медиумите беше и претходно во јуни, кога објави фотографија како го пали косовскиот пасош.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.