Косово: 32 лица обвинети за тероризам

Против 32 лица во Косово е покренато обвинение поради регрутирање на луѓе за тероризам, организирање и учество во терористички групи, како и за неовластено поседување и користење на оружје.

Од 32 обвинети лица, 27 од нив се обвинети за кривичното дело организирање и учество во терористички групи, а неколкумина од нив и за неовластено поседување и користење на оружје.

Две лица се обвинети и за кривичното дело регрутирање за тероризам, а тројца се обвинети за поседување и користење на оружје.

За неколку обвинети лица постои основано сомневање дека се бореле на страната на Исламска држава во Сирија, а неколкумина регрутирале борци за ИД.