Косово добива вооружени сили

Владата на Косово го усвои предлогот за основање на вооружени сили, објавил министерот за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај.

Тој, на својот „Твитер“ профил“, објавил дека косовската влада на денешната седница усвоила предлог за основање на вооружени сили на Косово.

Овој потег, како што оценил Хоџај, го отвора патот на интеграциите на Косово во НАТО.

„Ова покажува дека Косово од увозник на безбедност стана безбедна земја и извозник на безбедноста“, напишал тој.