Македонија

Косово ги доби телата на деветмината од „кумановската група“

Косово ги доби телата на деветмината од „кумановската група“

Телата на деветмината косовски терористи, кои беа ликвидирани од македонската полиција во Куманово, утринава пристигнале во Косово, јавува новинската агенција ТАНЈУГ, пренесува Нетпрес.

Според објавените информации, голем број на косовски граѓани и претставници на здружението на ОВК, со знамиња на Албанија, го дочекале нивното враќање.

Директорот на косовската судска медицина, Арсим Грџали, изјавил дека по разговори со роднините на убиените, повторно ќе биде извршена обдукција.

Здружението на ОВК најавило дека погребот на убиените деветмина од „кумановската група“ ќе биде свечено извршен, но сеуште нема информации кога ќе биде тоа.