Балкан

Косово ги отпишува долговите на населението до 31 декември 2008

Косово ги отпишува долговите на населението до 31 декември 2008

Владата на Косово денеска донесе одлука за отпис на долговите на населението настанати до 31 декември 2008 година, со услов да го исплатат долгот од последните пет години.

Владата на Косово донесе одлука за отпишување на сите долгови за физички и правни лица настанати до 31 декември 2008 година под услов да го исплатат долгот што го имаат за периодот од 1 јануари 2009 до 31 декември 2014 година, пренесува весникот „Трибина“.

Донесена е одлука и за создавање Развоен и Фонд за вработување, како и одлука за формирање Комисија за изработка на нацрт концепт документ за Фондот за инвестиции и вработување и Фонд за разој. Со комисијата ќе раководи еден од политичките советници на косовскиот парламент и претставници на одредени министерства.