Косово го депортираше Марко Ѓуриќ

Претседателот на Косово Хашим Тачи соопшти дека ослободен е Марко Ѓуриќ, кој е главен преговарач на Србија во разговорите со Косово, што се спроведуваат со посредство на ЕУ.

Откако било донесена одлука за депортација Ѓуриќ бил предаден на српската полиција на граничниот премин „Мердаре“.

 -Тој случај не треба да ја нарушува комуникацијата меѓу Косово и Србија, напорите за нормализација и помирувањето меѓу Косово и Србија, изјави Тачи.

Косовските власти соопштија дека против Ѓуриќ било интервенирано по налог за забрана за влез во земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.