Косово и Албанија заедно имаат помалку извоз од Македонија

Стопанската Комора на Косово ги повикува Албанците да учат од Македонија, за извозот кој е поголем од заедничкиот на Албанија и Косово.

-Косово да учи од Македонија за како да ги мотивира странските инвеститори во целина за да го зголеми извозот. Додека во Косово се губи време во барање на причините за пропустот, другите наоѓаат начин како да напредуваат во економскиот развој. Треба да учиме од другите и од нивните чекори, а напредокот на Македонија во оваа насока треба добро да се анализира од сите нас, се вели во соопштението на СКК.

Македонија од јануари до мај оваа година оствари извоз на продукти во вредност од 1.45 милијарди евра, додека Албанија 770.118 милиони и Косово 113.864 милиони.

Само во индустриските зони источно од Скопје, извозон надминува 550 милиони евра во периодот од јануари до мај 2014, што е два пати покоглем од извозот со истиот период од 2013.

Во овие две индустриски зони, со работа започна и германската компанија за автомобилски делови, Дрекселмаер, која во 2008 година беше заинтересирана да инвестира во индустриската зона во Приштина, каде за почеток беше предвидено да се вработаат 100 лица а подоцна уште 500. Но после тримесечните обиди во тој правец, германскиот инвеститор се откажа и се насочи кон Македонија. Во јуни оваа година, сопствениците на Дрекселмаер објавија втора производствена линија за оваа година и зголемување на бројот на работници од 4.300 на 4.900 до крај на годината.