Косово има најголема невработеност во Европа

Според извештајот на Светска банка,  невработеноста во Косово е 40 отсто, наспроти тврдењето на Заводот за статистика на Косово дека нивото на невработеност е 30,9 отсто.

Кај машката популација, според Светска банка невработеноста е 28,1 додека кај женската 40 отсто, додека нивото на невработенсот кај младата популација на возраст до 24 години е 55,3 отсто.

Економските екпсерти сметаат дека држвата каде што невработеноста е околу 43 отсто треба многу повеќе да се загрижи, зашто не може да се има политичка ако се нема социјална стабилност.

Од Министерството на труд велат дека невработеноста претставува еден од најгорливите проблеми во земјата и потврдуваат дека точна бројка на невработени нема но нивото се движи од 30 до 35 отсто.

„ Според наша оценка нивото на невработеност се движи од 30 до 35 отсто, не повеќе иако се шпекулира дека тоа е 45 отсто и повеќе. Сметам дека не е драстично, но имаме проблем со невработеноста на голем број лица кои бараат работа“, кажала  Берта Лужа, портпаролка на Министертвото за труд и социјална благосостојба.