четврток, 22 декември 2016  |  Вести денес: 42

Косово испрати екипа за спасување, возила и пумпи во Македонија

pomokoovo

Поврзани вести

На барање на Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија, косовската Агенција за менаџирање на природни катастрофи при Министертвото за внатрешни работи, испрати екипа да помогне во справување со последиците од поплавите, јави дописникот на МИА.

Генералниот директор на Агенцијата, Фадил Кодра на испраќањето ги даде последните упатства за правилата, процедурата и активностите кои ќе ги извршуваат во подршката на граѓаните погодени од нсреќата.

Според него, косовската екипа ја сочинуваат осум специјално обучени лица, три возила, две возила со пумпи за испумпување вода, четири пумпи од 800 со 1.500 литри и возило за логистичка подршка.

Предвидено е екипата да остане во Македонија до 12 август и ќе биде ангажирана во испумпување вода од поплавените домови.

Веднаш по големото невреме, косовската Влада изрази длабоко сочувство и искажа подготвеност на му помогне на „својот сосед Република Македонија, во секој аспект за да ја надмине создадената состојбата“.

Најчитани вести