Косово ја засили контролата на границата со Македонија

Косово ја засили конролата на границата со Македонија по настаните во Куманово и информациите дека во терористичката група имало и косовски државјани, јави Kосовската телевизија.

Од синоќа на полноќ полициски сили, главно припадници на специјалната единица РОСУ, се распоредени на границата. Специјалците биле распоредени во две групи, дел од нив се стационирани кај преминот Хан Елези-Блаце, додека другите на граничниот премин кој ги поврзува Косово со Србија и Македонија, во близина на Гњилане.

– Полиција ќе го мониторира минувањето на границата по информациите дека граѓани од Косово учествуавле во оружениот судир со македонските бебедносни сили во Куманово, објави Косовската телевизија.

На донесувањето на одлуката за распоредување на сопецијалците на косовско-македонаката граница претходеше средба на претседателката Атифете Јахјага со премиерот Иса Мустафа и министерот за внатрешни работи Скендер Хисени, на која станало збор за „актуелната безбедносна состојба во Косово и последните случувања во Република Македонија“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.