Косово очекува денес да добие препорака за визна либерализација со ЕУ

Претседателот на косовското собрание Кадри Весељи и премиерот Рамуш Харадинај по средбата со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини изјавија дека денес Косово ќе добие една добра вест.

Тие во Брисел, по средбата со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, изјавија дека Косово денес ќе добие позитивна одлука од Европската комисија за либерализација на визите.

Денес ќе има една многу добра вест за Косово. Комесарот Аврамопулос ќе даде позитивна препорака за либерализација на визите. Тоа е првиот историски чекор. Бевме заедно со Могерини за да ја искажеме нашата решителност за дијалогот и дека сме единствени. Од дијалогот очекуваме да обебзедиме место во Обединетите нации, им кажа Весељи на новинарите по средбата со високата претставничка на ЕУ.

Харадинај изрази уверување дека до крајот на оваа година граѓаните на Косово ќе патуваат без визи во земјите од Шенген зоната.

По средбата на која присуствуваа Весељи, Харадинај и вицепремиерите Беџет Пацоли, Фатмир Љимај и Дардан Гаши, косовскиот претседател Хашим Тачи најави средба со Могерини.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.