Косово: Опозицијата бара да се формира Фонд за спречување на иселувањето

Опозициските партии во Косово побараа Владата да формира Фонд за спречување граѓаните да заминуваат во странство и за таа цел да обезбеди 40 милиони евра, објави МИА.

Тоа беше речено на синоќешната заедничка прес-конференција на Алијансата за иднина на Косово, Движењето Самоопределување и Иницијативата за Косово.

– Со тие средства би се создале услови за отворање нови работни места и би се вратила надежта, беше речено на прес-конференцијата.

Тие побараа веќе од утре да почне примена на Резолуцијата за миграции донесена во Собранието на Косово, додавајќи дека Владата треба итно да го формира фондот, бидејќи иселувањето не може да се спречи со полициски мерки