Косово: Полицијата изврши претрес во домовите на терористите вмешани во инцидентот во Куманово

Косовската полиција денеска соопшти дека извршила претрес во неколку куќи во различни делови на Косово, меѓу кои и во домовите на терористите вмешани во инцидентот во Куманово за време на минатиот викенд, јави БТА, пренесе МИА.

Според портпаролот на косовската полиција, акцијата е презмена врз основа на обвиненијата на македонските власти дека вооружени лица од Косово планирале терористички напади чија цел била дестабилизација на Македонија.

Агенцијата потсетува дека најголемиот број од уапсените вооружени терористи во Куманово потекнуваа од Косово.

Некои од терористите вмешани во инциднетот се поранешни припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК), кои биле вклучени во конфликтите во Косово во 1999 година и во Македонија во 2001-та, наведува БТА.