Косово: Полицијата заплени еден тон нафта

Косовската полиција соопшти денес дека на подрашјето на општината Лепосавиќ запленет еден тон нафта која била најдена во возило со кое што управувал државјанин на Србија, пренесува „Блиц“.

Во соопштението се наведува дека со одлука на обвинителот, возилото и нафтата биле запленети, а дека осомничениот бил пуштен за да се брани во редовна судска постапка.

Случајот е окрактарезиран како обид за илегален премин на границата, а возилото во неделата било сопрено од страна на припадниците на Еулекс и Косовската полиција.