Косово пред енергетски колапс

Косово се наоѓа на прагот на енергетски колапс, бидејќи има резерва на јаглен само за уште еден месец, јави дописникот на МИА.

Доколку Владата на Косово не обесштети осум домаќинства во селото Шипитуле, преку чии имоти треба да се мине за да се стигне до ископите на јаглен, за неколку недели постои опасност од енегетски колапс. Поради неможноста за пристап до ископите, „Косовската електрокорпорација“ (КЕК) повеќе месеци користи јаглен само од резервите, не вршејќи нов ископ.

Поради вонредната ситуација, КЕК предложи експропријација на 17 сопственци чиј имот е во непосредна близина на ископите на јаглен во селата Хаде и Шипитуле.

Косовскиот премиер во заминување Иса Мустафа ова барање на КЕК го оцени како многу значајно, нагласувајќи дека секое доцнење го доведува во опасност работењето на компанијата, односно може да доведе до прекин на нејзината работа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.