недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 1

Косово и предаде на Британија поранешен свештеник обвинет за сексуално насилство

132915662

Последни вести

 Поранешниот католички свештеник Лоренс Сопер (72) обвинет за сексуално насилство врз машки деца, е префрлен од Косово во Велика Британија, по пет годишна потрага на полицијата.

Лондонската Метрополитен полиција соопшти дека Сопер веднаш бил одново уапсен, по пристигнувањето на аеродромот во Лутон.

Овој некогашен свештеник се обвинува за девет сексуални насилства врз момчиња, извршени меѓу 1972 и 1986 година.

Во мај годинава, Сопер беше пронајден и уапсен на територијата на Косово, врз основа на претходно издадениот европски налог за апсење.

Свештеникот-насилник прв е уапсен во 2010 година, но судот одлучил да се брани од слобода, па бил пуштен со кауција, но исчезнал во 2011 година.

Британското обвинитество го обвинува за сексуално насилство врз учениците во училиштето „Сент Бенедикт“ во западен Лондон.

Четири од обвинувањата се однесуваат за насилството и силувањата врз едно, тогаш, 14-годишно момче. Неколку обвинувања и за насилството врз друг 15-годишен ученик од истото училиште.

По работењето во католичкото училиште, Сопер станал опат, во опатијата во лондонскит кварт Илинг, каде се наоѓа и училиштето.

Во опатијата Сопер формирал црковно училиште во кое млади калуѓери ги учеле децата.

Најчитани вести