Косово стана 205-та рамноправна членка на МОК

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) на својата 127-ма седница донесе одлука со која Косово стана 205-та рамноправна членка на МОК.

Со оваа одлука репрезентативците на Косово ќе имаат можност под свое знаме да се натпреваруваат уште на следните Олимписки игри во Рио, Бразил кои ќе се одржат од 5-ти до 21-ви август 2016 година.