Косово: Тачи, Мустафа и Харадинај во март го распуштаат парламентот

Косовските лидери Хашим Тачи, Иса Мустафа и Рамуш Харадинај постигнаа согласност во март да биде распуштен косовскиот Парламент, јави телевизијата „Клан Косова“, пренесе МИА.

Телевизијата наведува дека договорот за распуштање на собранието е постигнат по средбата на Мустафа и Харадинај, на која е оценето дека може да дојде до ескалација на ситуацијата и големи протести против владата, како што беа студентските протести во Приштина, пренесува Танјуг.

Со оглед на тоа дека постојат информации за можноста од ескалација на ситуацијата на Косово, тројцата главни лидери постигнаа согласност во март да биде распуштен косовскиот парламент, објави телевизијата „Клан Косова“.

Според телевизијата, американската амбасада во Приштина јасно ставила до знаење на лидерите на политичките партии дека косовската претседателка Атифете Јахјага ќе остане на функцијата до крајот на мандатот, односно до 2016 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.