Косово: Уапсени 9 лекари за малверзации со здравствена опрема

Косовската полиција изутрината уапси девет лица, меѓу кои лекари и функционери во Министерството за здравство, кои се осомничени за злоупотреба на службната должност, објаи МИА.

Весникот „Експрес“, повикувајќи се на извор од полицијата, пишува дека единицита за борба против стопански криминал спровела поширока операција во Приштина и Пеќ, од каде што се лицата обвинети за злоупотреба на службената положба, а меѓу нив има лекари кои работат во болниците, но и на приватните клиники.

Освен уапсените, за овој случај е осомничен и самиот министер за здравство Ферид Агани, како и генералниот секретар во Министерството за здравство, изјавил истиот извор за весникот, додадвајќи дека акцијата продолжува.

– Тие се осомничени за злоупотреба на службената положба во врска со здравствена опрема, посебно стентови, кои се користат кај пациентите болни од срце, изјави претставник на полицијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.