Косово: Уапсени седум лица поради трговија со луѓе

Седум лица се уапсени во Пеќ. Тие се товарат дека сториле кривично дело трговија со луѓе, пренесува РТС.

По налог на обвинителството извршена е контрола на едно кафуле во Пеќ, затоа што постоеле сомнеинија дека се врши незаконска активност трговија со луѓе и таму била идентификувана една жртва, се наведува во соопштението на полицијата.

Меѓу уапсените е еден жител на Косово, еден државјанин на Албанија и пет Албанки на кои им била изречена мерка притвор во траење од 48 часа.

Полицијата запленила 1.195 евра, седум мобилни телефони и тетратка со податоци.