Косово не е примено во УНЕСКО

Откако не беше обезбедено потребното двотретинско мнозинство на Генералното Собрание, Косово не е примено во УНЕСКО.

Гласаа 142 земји членки, од кои 92 гласаа „За“, 50 беа „против“, а 29 беа „воздржани“. За двотретинско мнозинство беа потребни 95 гласови, па за усвојувањето на предлогот недостасувале три гласа, јавува Б92.

unesko.gif630

Предлогот за приемот на Косово во УНЕСКО, претходно беше образложен дека не станува збор за признавање на Косово како држава или за влез во ОН, туку барање на „граѓаните на Косово да им се овозможи пристап до културните вредности и образование“, како и на крај да се „поддржи мисијата на УНЕСКО“.

Од другата страна, било повторено дека приемот на Косово во УНЕСКО би значел политизација на таа организација, како и кршење на меѓународното право.