Косово воведува визи за граѓаните на БиХ

Косовската Влада ја усвои одлуката за воведување на визи за граѓаните на Босна и Херцеговина, пишува денеска српскиот весник „Блиц“.

Одлуката е донесена како реципрочна мерка, бидејќи властите во Сараево не ги отстраниле визите за граѓаните на Косово. За да патуваат во Босна и Херцеговина косовските граѓани треба да аплицираат за виза, притоа исполнувајќи доста строги услови.