Косово започнало подготовки за демаркација со Србија

Косово започнало подготовки за демаркација со Србија, објави во понеделникот Радио-телевизија на Србија (РТС), повикувајќи се на изјави на косовски функционери за приштинските медиуми.

Подготовки за одбалежувае на линијата на разграничување со Србија започнале „на барање на косовскиот премир Рамуш Харадинај“ со собирање на факторграфска документација и изработка на стратегија, изјавил претседателот на Комисијата за демаркација на границата со Србија при влада на Косово, Шпејтим Буљиќи.

Наведувајќи дека „постојат одредени промени на граничните линии кои се случиле во поедини периоди“, рекол дека сите тие промени се „покриени со документација и политички одлуки од одредените временски периоди“, пренесува РТС.

Според наводите приштински медиуми, се очекува дека на следниот состанок на косовскиот претседател Хашим Тачи и српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел, би можело да биде „разгледано и прашањето на граничните корекции“.

Тачи во неколкуте последни свои изјави го употреби изразот „корекција на границите“, додека Вучиќ истовремено говори за потребата од „разграничување“ со Албанците, но неговите ставови се оспорувани и во дел од опозициската српска и во косовската јавноста, меѓу другото, и со укажување на уставните права и обврските на двајцата претседатела кои ги ограничуваат да не може да настапуваат како „слободни стрелци“.

РТС ги пренесува и оцените на приштинските аналитичари кои повикуваат на претпазливост во разговорите за демаркацијата предупредувајќи дека „ниедна косовска институција нема право да одлучува за територијата, сојузите, мирот, надворешниот долг, освен Собранието на Косово“.