Косово: Засилени мерки за спречување терористички напади

Косово ги презеде сите потребни мерки за да пречи евентуални терористички напади, соопшти косовскиот министетр за внатрешни работи Скендер Хисени.

Како што објави порталот Албеу, засилените мерки се воведени посебно по последните терористички напади во Европа, откако, според анализите, Косово посочено како е една од потенцијаните места за терористички напади.

Хисени изјави дека властите не располагаат со информации за евентуални терористички напади на територијата на Косово, но сепак не ја отфрли евентуалната опасност.

Како што јави дописникот на МИА, Хисени деновиве потврди дека 70 активни борци од Косово се наоѓаат во Сирија и Ирак и дека на тамошните боишта досега загинала најмалку 57 косовски граѓани.

Инаку, косовската полиција во Пеќ уапси две лица осомничени за пропаганда на терористички групи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.