Косовската дијаспора нема да гласа на изборите во Косово

Претседателката на косовската Централна изборна комисија (ЦИК), Ваљдете Дака соопшти дека дијаспората нема да може да го оствари своето право на глас на претстојните предвремени парламентарни избори во Косово, поради кусите рокови за кои законската процедура бара повеќе време.

– Имавме многу предивици, пред се поради исклучиво кусите рокови. Еден од нив беше гласањето надвор од Косово, за што бевме неоправдано обвинувани дека сме сакале да го попречиме гласањето на дијаспората. Ние сторивме се она за што имавме можност, како од законски, така и од технички аспкет, со цел да овозможиме сите оние кои имаат право на глас да го реализираат тоа право, изјави Дака.

Како што јави дописникот на МИА, таа нагласи дека тоа што косовските печалбари не ќе може да гласаат, не е по вина на Комисијата.

– Постојниот изборен законик, кој е во сила, предвидува начин на апликација за нивно регстрирање како гласачи, потоа следува комлицирана процедура, која доколку беа регуларни избори ќе траеше со месеци, додаде Дака.

Претседателката на косовската ЦИК потврди дека изборите ќе се спроведат и во северниот дел на Косово.

– Таму имаме четири наши официјлани лица, односно во четирите општини имаме претставници на Централната изборна комисија, кои поднесуваат извештај и кои вршат подготовки врз основа на постојните закони и се разбира и таму ќе бидат организирани изборите, како и во дргите делови на Косово, рече Дака.