Балкан

Косовската полиција нашла докази во врска со убиството на Ивановиќ, никој не ги слушнал истрелите

Косовската полиција нашла докази во врска со убиството на Ивановиќ, никој не ги слушнал истрелите

Косовската полиција во Косовска Митровица на местото на нападот врз лидерот на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“, 64-годишниот Оливер Ивановиќ нашла „одредени докази кои ќе користат во натамошниот тек од истрагата“, изјави четири часа по убиството регионалниот шеф на оперативата на Косовската полиција, Жељко Бојиќ.

 

Во разговор за агенцијата Бета, Бојиќ рекол дека утрото во вторникот околу 9,15 часот, околу еден час по атентатот врз Ивановиќ, во улицата „Војвода Путник“ наша запалено возило за коешто постојат сомневања дека би можело да биде поврзано со убиството на српскиот политачар на Косово.

Според регионалниот началник на Косовската полиција, бил опожарен автомобил „опел астра“ без регистарски ознаки.

Партиската колешка и блиска соработнична на Оливер Ивановиќ, Ксенија Божовиќ, изјави дека никој не го слушнал пукањето во кое е убиен политичарот и дадава дека пред партиските постории ги пронашла сосетка која се враќала од продавница.

„Се подготвував да тргнам на работа. Секретарката беше во канцеларијата. Го нашла прата сосетка којашто излегла да купи леб и се враќала од продавница. Го видела како лежи пред канцеларијата“, вели Божовиќ за агенцијата Танјуг.

Жената ја известила сектретарката која повикала Брза помош. „Сето се случило во рок од две до три минути. Не се слушнало пукање… ако има четири, пет кушруми во него, пронајдени се три чаури“, додава Божовиќ.

Според првичните сознанија во горниот дел од телото Ивановиќ имал пет прострелни рани. Тој бил пренесен во болница каде што лекарите се обиделе да го реанимираат, но безуспешно.

Запрашана дали имало закани за Ивановиќ, Божовиќ изјавува дека неговите соработници не знаеле за тоа и дека тој бил човек кој сакал да ги заштити другите и никогаш не се пожалил.

„Не знаевме ништо но самото тоа како се одвиваше ситуацијата, затворот, па пуштањето од затвор, изборите… Среде бел ден да изрешеташ човк кој тргнал да работи. Луѓето се вознемирени…“, вели Божовиќ.