Косовски Албанец спалил неподвижна старица во Чешка

Судот во Чешка ја потврди казната од 30 години затвор за косовскиот Албанец, Фадиљ Давид бидејќи заедно со својата љубовница предизвикале пожар во дом на неподвижна старица, за да дојдат до нејзините пари и да ја наследат нејзината куќа и имот.

Фадиљ и неговата љубовница блефирале дека се грижат за 80-годишната старица од местото Вишњова-Анделка на северот на Чешка и ја убедиле да го промени тестаментот во нивна корист. Од друга страна и ги краделе парите од сметка.Бидејќи старицата открила што прават и им се заканила со кривична пријава, двојката намерно предизвикала пожар, сметајќи дека старицата која е неподвижна нема да успее да се спаси од пожарот.

Според судските вештаци, жената се здобила со опекотини од трет степен на 80 отсто од површината на телото и умирала неколку минути во страшни маки. Судот не ги уважил наводите на одбраната дека пожарот избил под несреќни околности, туку дека се работи за брутално убиство со предумисла. Давид е правосилно осуден на втората најтешка казна затвор во Чешка, бидејќи единствена потешка казна е доживотната казна.