Македонија,Крими хроника

Косовски државјанин се обидел да ограби тобако во Чаир

Косовски државјанин се обидел да ограби тобако во Чаир

Косовски државјанин заработи кривична пријава и осумдневен притвор. Тој се товари дека на 11-ти месецов се обидел да ограби тобако во Чаир.

Дваесет и четири годишниот В.А. од Гњилане-Р.Косово на 11-ти септември годинава во раните утрински часови на подрачје на Чаир , поточно на ул.„Александар Урдаревски“ извршил кривично дело тешка кражба во обид во тобако.

Тој со употреба на тврд погоден предмет насилно ја исекол металната мрежа со која било оградено тобакото и направил отвор преку кој влегол, а потоа со употреба на штрафцигер ги скршил двата катанци и цилиндерот од средишната брава од вратата и се обидел да влезе внатре.

Тој бил забележан од страна на случајни минувачи и пријавен и за кратко време бил приведен од страна на полициските службеници од Единицата Алфа.