Крими хроника

Косовски државјанин протеран од Македонија, фалсификувал виза

Косовски државјанин протеран од Македонија, фалсификувал виза

Косовски државјанин Е.Б.(23), фатен е на граничниот премин „Александар Велики“ со фалсификувана исправа.

Пред два дена во 12.30 часот, на граничниот премин „Александар Велики“ на излез од  Македонија пријавениот на увид доставил косовска патна исправа во која имало вметнато грчка работна виза. По извршеното вештачење е утврдено дека во грчката работна виза се избришани оригиналните податоци и се впишани други податоци, информираат од полицијата.

Од страна на судија од Основен суд Скопје 1, на косовскиот државјанин му е изречена  казна затвор во траење од две години, условно од пет години.

Исто така, изречена му е мерка „протерување„  во траење од пет години.