Косовски џихадист извршил егзекуција со базука

Џихадистот на Исламска држава, косовскиот Албанец Лавдрим Мухаџери егзекутирал сириски борец користејќи противтенковска ракета (базука).

На видеото се гледа бруталното убиство на Ибрахим Шриадех, кој се борел против ИСИС.

Активистот на медиумската група РБСС која ја објавила снимката од егзекуцијата, користејќи го военото име Абу Мухамед, потврдил за ИБТ дека Шриадех бил убиен на 20 мај во градот Абу Хамам, дека бил Сириец и член на Слободната сириска армија.

Абу Мухамед кажал дека лицето со брадата, што го убил Шриадех со базука, е косовскиот Албанец Лавдрим Мухаџери, по кого е распишана потерница на Интерпол.

Пред извесно време курдските сили тврдеа дека косовскиот џихадист Мухаџери бил убиен во борбите, што, очигледно, било неточно.