четврток, 23 февруари 2017  |  Вести денес: 55

Косовски „Експрес“: Како за две години Невзат Бејта направи 2 милиони евра?

bejta

Поврзани вести

Според Државната Антикорупциска комисија на Македонија, графоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта, за време од две години успеа да заработи ни помалку ни повеќе, тука 2 милиони евра. Дали е тоа причината што тој беше против Влада со ВМРО? И додека финансовата полиција е на терен во Општината Гостивар, дали се плаши од нешто? Или се надева дека со СДСМ во Влада можеби и ќе биде амнестиран?, прашува косовскиот весник „Газета Експрес“.

-Во 2012 година, додека беше министер во Владата на Никола Груевски, Бејта си купил деловен простор од 500 метри квадратни со вкупна вредност од 500.000 евра. Во 2013, кога беше избран за градоначалник на Гостивар, купил станбен простор од 200 квадратни метри речиси за сума околу 200.000 евра. Тој исто така се поднови со уште еден стан во Скопје и уште 4 автомобили, така што Невзат Бејта за време од две години успеал да заработи повеќе од 1 милион евра, пишува приштинскиот весник.

На веб страната на оваа Комисија, Бејта пријавил станбен простор од 300 метри квадратни и со вкупна вредност од 18.450.000,00 денари, деловен простор од 40 метри квадратни со вкупна сума 6.150.000,00 денари кој го добил како наследство.

-Бејта поседува и 4 автомобили, Мерцедес Е-класа со вкупна вредност од 184.500,00 денари, Мицубиши од 20.000,00 денари, Голф 7 од 20.000 евра и уште еден џип Фиат Панда во вредност од 862.920,00 денари стекнат преку договор за купопродажба. А за 26.000 евра нема пријавено од каде му се. Бејта пријавил и земјоделско земјиште во вредност од 12.300.000,00 денари за која исто така пријавил дека е добиена од наследство, пишува „Газета Експрес“.

Најчитани вести