Косовски имам, нов лидер на албанските џихадисти во ИД

Дваесет и четиригодишниот косовски имам Ридван Хаќифиод Гљилане е новиот лидер на албанските џихадисти во ИД.

Хаќифи, познат под името Ридван Ел-Албани, кој подолго војувал во Сирија, доаѓа на местото на Лавдрим Мухаџери од Качаник и бил еден од неговите најблиски соработници.

– Командантот на Албанците во ИД, Ридван Хаќифи, кој го замени терористичкиот командант Лавдрим Мухаџери е имам на Исламската заедница на Косово, пишува приштински „Експрес“.

Во средината на август беше пласирана веста дека Мухаџери е убиен при водушен напад во Сирија, но неговите соборци го демантираа тоа. Но, од тогаш него веќе не го споменуваат, а ова е прва вест дека албанските џихадисти имаат нов лидер, што го потврдуваат на социјалните мрежи самите тие.